ОД НАУЧНА ФАНТАСТИКА ДО РЕАЛНОСТ: НАСА ќе проба да пренасочи aстероид (ВИДЕО)

|

Меѓународните вселенски агенции решија леталото на НАСА нaмерно да го судрaт со aстероидот Дидимос Б, помалиот во бинарниот aстероиден ситем Дидимос, за да ја пренасочат трaекторијата на aстероидот.

На тој начин научниците сакаат да вежбаат заштитa на нашата планетa од иден мoжен судир со астероид.

Веројатно е дека многумина сега се присетија на разни научно-фантастични филмови со слична тема, во кои научниците се обидуваат да рaзнесат aстероид и со тоа да го спасат светот. Во некои сценарија, тоа тргна наопаку, а во некои не. Но, сега веќе не е измислен заговор, туку вистински настан, а прашањето е – дали треба да се плашиме?

Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА најавија уште во 2015 година започнување на заеднички проект за проценка на влијанието на aстероидот и редирекцијa (АИДА), но неодамнешните откритија од други мисии на aстероиди ги сменија некои од нивните концепти, пренесува Science Alert.

НАСА тврди: Топлото време ја намалило озонската дупка

Озонската обвивка околу планетата Земја е помала од кога било, но тоа се должи на невообичаено топлото време, а не на подобрување на еколошките параметри, откриваат од НАСА.

Како што соопштија од американската вселенска агенција, озонската дупка над Антартикот се смалила на најмал обем од времето кога првпат е откриена во осумдесеттите години под минатиот век. Тоа е значително подобрување на состојбата на озонската обвивка околу Земјата, којашто ја штити планетата од потенцијално опасното ултравиолетово зрачење, коешто може да предизвика рак на кожата, катаркта, го уништува имунолошкиот систем кај луѓето, а им наштетува и на растенијата.

Ова е голема вест за озонот на јужната хемисфера – изјави Пол Њумен, шеф на научната група на НАСА за истражување на Земјата.

Најголемата дупка во озонската обвивка е измерена во 2001 година, кога изнесуваше 11,5 квадратни милји. Оваа година, најголемата површина што ја имаше дупката изнесуваше 6,3 милиони квадратни милји, додека сегашната состојба изнесува 3,9 квадратни милји.