Селена Гомез се пофали со извајаното тело во фустан кој ќе биде хит оваа есен

|

Популарната пејачка Селена Гомез, ги воодушевила сите присутни со појавата на промоцијата на својот нов сингл во Лос Анџелес.

Селена за промоцијата на песната избрала исклучително модерен фустан кој одлично ѝ прилега.

Во тесен толг фустан со линии и деколте, пејачката ја нагласила својата женствена фигура.

Овој тип на фустан станува сè попопуларен, бидејќи изгледа незадолжително, а може да се носи и за свечени настани, како што во случајов тоа го направила Селена.

https://www.instagram.com/p/B4HoiB4h2Ra/?utm_source=ig_embed

Пејачката покрај фустанот облекла едноставни бели сандали кои одлично прилегаат со веќе доволно нагласениот фустан со линии.

Освен со фустанот, Селена сите ги воодушевила и со едноставната, но ефектна фризура. Косата ја пуштила, додала екстензија и по којзнае кој пат докажа дека не треба многу труд за една жена да блеска.