Тајландскиот рибар Јумрус Тиачот се шетал на плажа кога забележал нешто чудно, тешко околу 6 килограми. Бил уверен дека станува збор за “блуеница” од кит, која во одредени краеви е на висока цена.
Бидејќи Тиачот заработува околу 11 евра дневно, дополнителна заработувачка добро би му дошла, па почнал да се распрашува кај мештаните за да се направи некој тест. Иако тие му рекле дека резултатот е негативен, го посетиле локалните власти кои потврдиле дека навистина станува збор за “блуеница” од кит.
“Тројца соседи дојдоа кога слушнаа што сум пронашол. Земаа пар примероци и река дека истражат за што станува збор. Потоа ми кажаа дека тестовите не покажале ништо. Сакав да ја знам вистината, па ги контактирав властите. Сега кога знам за што се работи, ќе ја продадам”, рекол тој. Се проценува дека 6 килограми тешката “блуеница” вреди околу 320.000 евра, судејќи по тоа како цените претходно се движеле.
Експертите утврдиле дека парчето содржи повеќе од 80 проценти таканаречена амбра, која се произведува во дигестивниот систем на китовите. Тоа звучи грозно, меѓутоа, кога ќе стане суво мириса дури и природно, поради што е многу барана материја во индустријата за парфеми. На пример, во 2016-та година парче амбра од 1,57 килограми, пронајдено во Ланкашир, е продадено за 50.000 фунти, а истата година тројца рибари од Оман извлекле 80 килограми блуеница од кит и ја продале за 3 милиони долари.