Замислете да се возите во автобус и наеднаш да полетате наназад затоа што еден дел од возилото пропаднал во дупка која се отворила на патот. Токму таква несекојдневна несреќа се случи неодамна во Питсбург, Пенсилванија.
Имено, автобусот сопрел на црвено светло на раскрсница кога задниот дел од возилото целосно пропаднал во огромна дупка на патот.
За среќа, во моментот на несреќата, освен возачот имало само двајца патници, од кој еден се здобил со полесни повреди.
„Најтешкиот дел од автобусот е задниот дел затоа што таму се наоѓа моторот и затоа тој дел лесно пропаднал во дупката“, објаснуваат американските власти.
Со оглед на тоа што автобусот бил многу длабоко, влечна служба не можела да го извлече од дупката, по што на помош бил повикан кран кој успеал да го извлече автобусот.