Чевлите ќе ви изгледаат поскапо ако се одлучите за модел со нетипична форма на потпетици
За изработка на дизајнерски обувки се користат материјали со висок квалитет и токму затоа таквите обувки изгледаат отмено, но имаат и висока цена.
За среќа, и подостапните брендови знаат трикови со кои некои модели изгледаат поскапо одошто навистина се.
Ако не сакате чевлите или чизмичките да ви изгледаат евтино, се’ што треба да направите е да одбегнувате модели украсени со метални позлатени додатоци, како што се големи копчиња, нитни и синџирчиња, советуваат модните експерти.
Иако е возможно да се направат чевли со метални додатоци што изгледаат добро и скапоцено, ретко кому му успева за пониска цена.
Модните експерти предлагаат наместо тоа да одбирате чевли во неутрални бои и по можност направени од вистинска кожа.
Чевлите ќе изгледаат поскапи и ако се одлучите за модел со нетипична форма на потпетици, кои се чест избор на луксузните брендови за обувки.