Хрват влегол во Гинисовата книга на рекорди – изваден му е најдолгиот заб на светот

|

Хрватските медиуми пренеле дека пациентот на кој му бил изваден забот е Хрватот Мијо Водопија.

Гиносовата книга на рекорди му дала признание на стоматологот од Офенбах бидејќи извадил заб долг 37 милиметри на пациент кој се жалел на болки. 

Истовремено, тој заб е забележан во книгата кај најдолг човечки заб, пренесува “Deutsche Welle” на англиски јазик.

Тоа се случило минатата година во Мајнц, а се наведува дека три четвртини од забот биле под десната горна вилица.

Хрватските медиуми пренеле денес дека пациентот на кој му бил изваден забот е Хрватот Мијо Водопија.