Најмалку 140.000 домаќинства денеска останаа без струја поради силното невреме кое погоди делови од Франција, а многу патишта се блокирани поради откорнатите и паднати стебла.
Бурата Амелиja го опустошила францускиот брег на Тихиот Океан, пропратена со силни ветрови и дожд, а особено се погодени делови од Атлантските Пиринеи, Ланд, Жиронда и Дордоња.
Метеоролошката служба предупреди денеска на континуирани силни ветрови.
Откажани железнички линии
Се очекуваше бурата да се премести кон истокот на земјата, но таа ослабна во неделата, според податоците на француската метеоролошка служба. Во 17 департмани е прогласено “портокалово” ниво на метео-опасност поради силни ветрови или поплави.
Поради бурата во прекин се и железнички линии, а затворени се и сообраќајниците во неколку региони. Жителите се предупредени да ја зголемат будноста и претпазливоста.