И закопчана до уши е убава: Манекенката повторно изненади

|

Познатата манекенка Бела Хадид неодамна била прогласена за најубава жена на светот, според мислењето на експертите кои ја анализирале нејзината убавина на основа теоријата за златен рез, според која Бела има совршени пропорции.

Покрај убавината со која плени, Бела е позната и по одличниот моден вкус, па со причина ја носи титулата модна икона. 

Ако ги погледнете нејзините фотографии на Инстаграм, ќе ви биде јасно зошто ја носи оваа титула. Нејзините модни комбинации во главно се провокативни и храбри, а последната во низата го докажува токму тоа.

Бела неодамна се фотографирала во провокативен комбинезон, кој предизвикал голем број на коментари од нејзините фанови.

Иако е закопчана до грло, црниот комбинезон го истакнал совршено извајаното тело на манекенката.

Комбинезонот бил украсен со впечатливи бисери на необични места, кои асоцираат на пирсинзи на градите.

Модната комбинација Бела ја дополнила со ретро фризура и висечки обетки со слични детали на комбинезонот, со што уште еднаш потврдила дека ја има модата во малиот прст.