|
Силен земјотрес со јачина од 7,1 степен по Рихтер ја погоди Индонезија, по што е издадено предупредување за можна појава на цунами.
Според Американскиот геолошки институт, земјотресот е регистриран на длабочина од 45 километри, со епицентар 138 километри северозападно од островот Тернате.Локалните медиуми соопштуваат дека населението во паника ги напуштило своите домови.