Заради овие 6 грешки си одмагате и не можете да ги победите вирусите и настинките

|

Сите знаеме колку е непријатно кога ќе настинеме, но многу луѓе само си ја влошуваат состојбата со одредени грешки.

Еве кои се најчестите грешки кои влијаат врз влошување на болеста:

Првата грешка е ако си велите себеси дека не сте болни и продолжувате нормално со своите дневни активности. Со тоа болеста дополнително ќе се развие, а постои можност да ги пренесете бактериите на сè околу себе.

Ако мислите дека не смеете да вежбате додека сте болни, грешите – имено вежбањето го зајакнува имунолошкиот систем, но секако е важно да го намалите интензитетот. Но, доколку имате висока температура, би требало да заборавите на вежбањето додека не оздравите.

Многу луѓе не спијат доволно кога се настинати, а тоа е голема грешка. Квалитетниот сон е многу важен, особено кога сме болни бидејќи на телото му е потребен одмор за да закрепне.

Некои мислат дека е добро да се пие алкохол за време на настинката, но тоа не е вистина. Имено, алкохолот го слабее имунитетот и може да доведе до дехидрација.

Исто така, и стресот негативно влијае врз организмот и имунитетот кога сме настинати. На имунолошкиот систем му е потребна поголема сила, а тогаш му е потребно и повеќе време да се избори со болеста.

Уште една грешка е што многумина пребрзо се одрекуваат од лековите, мислејќи дека оздравеле, а потоа болеста им се враќа. Потребно е одредено време за телото во целост да закрепне и да почне нормално да функционира.