Ги открил матните бизниси на сопругата во банка, а таа го сместила во лудница: Таму минал 7 години, а сега ќе добие отштета од 600.000 евра

|

Германецот Густл Молат, кој неправедно и против своја волја минал седум години во лудница, добил отштета од германската покраина Баварија во износ од 600.00 евра, соопштил покраинскиот суд во Минхен. Овој случај привлекол големо внимание во германските медиуми.

Исплатата на отштетата е резултат на вонсудски договор меѓу Густл Молат, кој денес има 63 години, и Баварија. 

Молат првобитно барал отштета од 1,8 милиони евра, плус надомест за евентуални здравствени последици од престојот во психијатриска установа, но Баварија веќе му платила 70.000 евра, сметајќи дека тоа е доволно.

Договорот е резултат од предлогот на Покраинскиот суд на почетокот на судењето во март.

Станува збор за еден од најголемите скандали во правосудството во поновата историја на Баварија. Молат во 2006-та година по постапката која ја започнал против поранешната сопруга, со одлука на Покраинскиот суд во Нирнберг-Фирт бил пратен во Психијатриска клиника поради наводна параноја.

Бракоразводната парница меѓу нив двајца била на својот врв. Молат ја обвинил сопругата дека како советник за клиентите на една банка учествувала во трансфер на валкани пари во Швајцарија. Таа на тоа доставила лекарска потврда и се заканила дека ќе го стави во лудница.

Молат бил отпуштен во 2013-та година, по 2.747 дена принуден престој на психијатрија. Во обновената постапка е утврдено дека неговите обвиненија на сметка на поранешната сопруга не биле резултат на параноја, туку вистина.

Молат на почетокот на судењето рекол дека не може да ги заборави годините минати во менталната установа. Тврди дека персоналот со години секоја вечер го бидел речиси на секој час.

“Седум и пол години не сум спиен како што треба. Секоја ноќ се будам облеан со пот”, вели тој.

Неговата поранешна сопруга Петра Молат починала во 2017-та година.

Молат не може да најде постојана работа и место за живеење. Живее кај пријатели кои сакаат да го угостат во своите домови. Повеќе од времето минува надвор од Баварија.