Тим на истражувачи на НАСА и Европската вселенска агенција ја објавил првата глобална геолошка карта на Титан, најголемиот сателит на Сатурн. Астрономите користеле податоци добиени од сондата Касини меѓу 2004-та и 2017-та година за правење на мапата.
На сликата, објавена во специјализираното списание “Nature Astronomy”; се гледа дека површината на Титан е преполна со дини, езера, рамнини, висорамнини и кратери и дека има големи сличности со Земјата.
Треба да се нагласи дека сателитот на Сатурн е единствено небесно тело во Сончевиот систем, покрај нашиот, кој на својата површина има стабилни течни тела.
“Титан има атмосфера како Земјата. Има ветер, дожд, планини. Тоа навистина е многу интересен свет и едно од најдобрите места во Сончевиот систем за барање на живот”, рекла раководителката на истражувањето, Розали Лопез.
Научниците исто така заклучиле дека, како и на Земјата, пејсажот на Титан зависи од ширината. На пример, екваторијалното подрачје на Месечината е богато со дини.