Како што тензијата помеѓу Кина и САД не стивнува, сè почесто можат да се чујат гласини и за трката помеѓу две држави за вештачката интелигенција, во чиј тек секоја од низ настојува да ја задржи својата предност во однос на другата.
Коосновачот на „Microsoft“ – Бил Гејтс, неодамна во текот на конференцијата „Bloomberg New Economy Forum“ во Пекинг изјавил дека не може да сфати како раздвојувањето или ограничувањето на научните истражувања воопшто би функционирало.
„Не можете да носите пораки кои ќе ги споделувате со другите, а кои велат дека не смеете ништо на никој да дадете затао што баба му е Кинезинка. Тоа нема да функционира“ – истакнал Бил Гејтс.
Америка долго време имала корист од отворено споделување на резултати од различни истражувања, што и понатаму е огромна предност, особено на полето на вештачката интелигенција. Гејтс е убеден дека за таквиот пристап не постои алтернатива.
„Кој и да има отворен систем, ќе биде во голема предност. Можете целосно да ги игнорирате сите кои ќе ги затворат своите системи“ – изјавил тој.
Бил Гејтс го посетил истражувачкиот центар на „Microsoft“ во Пекинг кој се занимава со вештачка интелигенција.
Тој нагласил дека споделувањето на резултатите од научните истражувања е една причина поради која вработените во тој центар дошле да работат за „Microsoft“ и додал дека и тие би заминале да работат некаде на друго место доколку тамошниот пристап е поразличен.