Во светот на фармерките и панталоните, моментално е многу популарен моделот наречен “slouchy jeans”.
Називот означува мек крој кој практично нема структура и крој кој не е цврст и тесен, туку опуштено паѓа преку телото.
Станува збор за фармерки со висок струк кои се шират во подрајчето на колковите и завршуваат со рамен крој. Бидејќи не ја следат линијата на телото, се сметаат за едно од најудобните парчиња облека.
Можеби токму поради тоа во последно време сè почесто ги гледаме познатите дами во ваквиот модел?
Тие покажаа дека овој модел на фармерки може да се носи во сите прилики – од прошетка низ град до елегантни вечерни излегувања.
Најактуелни се моделите со висок струк, парчињата со ластик на ногавиците, но и оние посмелите со набори на колената или со неколку патенти.
Во продолжение погледнете неколку интересни модни комбинации во кои главна ѕвезда е токму овој хит на панталони: