Новосадската барбика, пејачката Наташа Беквалац вчера беше во Скопје, а иако првично и оправдано ви падна на памет дека дошла да пее, поводот за посетата беше нешто сосема друго.
Таа беше гостинка на регионалната конференција „Про-фемина 2019“ каде имаше свој говор,а во фокусот беше женското прашање.
-Беше чест да се говори на конференцијата „Про фемина 2019“, фала на убавата енергија и аплауз, пишува Беквалац на својот Инстаграм задоволна од настанот.
Ама пред да се појави пред многуте дами во публика, Наташа како што е ред мораше да се среди и да изгледа перфектно. За тоа и требаше професионалец, па довербата му ја препушти на познатиот македонски стилист Даниел Николовски.
За средбарта и задоволството од соработката, пејачката веднаш се огласи на социјалните мрежи и напиша дека Даниел за неа освен соработник е и голем пријател.
ФОТО:НАТАША БЕКВАЛАЦ/ИНСТАГРАМ
Со објавата и двајцата си поласкаа еден на друг и коментарот го дополнија со симболи од срциња.