Во некогаш најбогатиот град денес живеат само 35 луѓе, а кога ќе видите како изгледа ќе се запрашате зошто оние кои останале не побегнале досега

|

Во некогаш перспективниот град Акармара кон крајот на 70-те години живееле најмалку 5.000 луѓе, а денес има само 35 па овој град со право се нарекува “градот на духовите“.

Во градот некогаш одат туристи кои сакаат бизарни локации. Во целиот регион живеат околу 40.000 луѓе, а Акармара некогаш бил метропола на Ткварчели, пишуват од порталот “Past Remnants“.

Жителите на градот се отселиле поради падот на СССР, а и опсадата на градот од страна на грузиските сили на почтокот на 90-те години во текот на абхазиската војна. Опсадата исто така значела дека Акармара е “отсечен“ од остатокот на светот затоа што постои само еде пат кој води право во Ткварчели.

Дури 413 денови градот бил препуштен сам на себе, а храна носеле Русите со хеликоптери. Акармара за разлика од Ткварчели, изграден е на брдо, а големите станбени згради направени се исто така на брдата кои се срамнети.

Денес во големите згради наместо 100 живее можеби само по едно семејство. Фасадите се уништени, а бетонот речиси го нема. Тие кои останале да живеат таму се обидуваат да ги поправат своите домови.

Некои луѓе кои останале таму во текот на летото “работат“ како туристички водичи и на брдата позади пустиот град организираат забави. Како посетители можете да го посетите и напуштениот рудник.

Имало многу идеи градот да се претвори во ресорт кој би бил како “временска капсула“ како да сте влегле во советските 70-ти години. Но, за тоа се потребни пари нешто што тие го немаат, а инвеститорите не сакат да ги трошат своите пари на тоа.

Старите Абхазијци не можат да ја прежалат пропаста на градот ниту пак да ги заборават ужасиите од војната, опсадите и бомбардирањето.