Доколку сте помислиле дека сте го виделе најдоброто деколте досега, со оглед на тоа што дамите се одлучуваат да го носат тогаш сте се излажале.
Тоа ни го докажува манекенката Нелам Џејл кога се појавила на прославата на популарниот бренд Fenty во необично провокативна креација која со сигурност загарантирала дека сите погледи ќе бидат упатени кој неа.
Убавата 24-годишна девојка привлекла внимание во црниот комбинезон на “Balmain“ со сребрени линии, но еден детаљ на неа кажувал многу.
Нелам одлучила да носи деколте кое што било толку многу длабоко до папокот, а притоа имала и тенка линија со циркони што допринела за сензационалноста на ова модно парче.
Едно е сигурно – треба храброст за да се облече нешто вакво. Оваа дама комбинезонот го искомбинирала со класични црни салонки и црна чанта.