|
Во аквариум во областа Нова Англија во САД се родија две анаконди, како резултат од бесполово оплодување (партеногенеза). Ова е вториот забележан случај во историјата, кога змија без учество на мажјак родила малечки.
Тоа е потврдено и преку ДНК-тест. Анакондата сега има два свои генетски клонови. Имало и други змијулчиња, но тие починале.
Партеногенеза е процес кога организам се развива од јајцеклетка без оплодување. Стручни лица од аквариумот истакнуваат дека овој начин на размножување почесто се сретнува во растителниот свет, а ова е втор случај со анаконда во историјата.