Бродот е пронајден на крајбрежјето на Грција со садови кои биле користени за складирање храна и вино.
Амфорите служеле и за маслинки и житарки.
Остатоците од римскиот брод се уште од времето на Исус Христос пронајдени на крајбрежјето на Грција, а сè било откриено благодарение на садовите кои биле користени за складирање храна, соопштуваат тамошните медиуми.
Експертите велат дека бродот бил со величина од 34 метри во должина и 13 метри ширина.
„Половично е закопан во седиментот, па очекуваме доколку во иднина копаме, да најдеме дел или пак цела дрвена конструкција од бродот“ – изјавил археологот Георг Ферентино.
Тој се надева дека остатоците од бродот успешно ќе бидат извадени од дното на Медитеранот, но конечната одлука за акцијата сè уште не е донесена.
Се верува дека бродот потекнува од периодот од 1-от век пред нашата ера, односно од 1-от век од нашата ера.