ројца Американци биле уапсени поради измама на инвеститори од 722 милиони долари, објавил државниот обвинител во Њу Џерси.
“Обвинението опишува сложена употреба на светот на криптовалутите за да се заведат инвеститорите кои не се посомневале, па изгубиле стотина милиони долари”, рекол обвинителот Крег Карпенито.
Во бегство се уште двајца обвинети, чиј идентитет не е откриен. Тројцата уапсени, од кои двајца од Колорадо и еден од Калифорнија, се верува дека меѓу април 2014-та и февруари 2019-та година ветувале огромни профити во замена за вложување во виртуелната валута “Биткоин”.
Тие со години се богателе и ги трошеле парите на неискусните инвеститори кои ги вовлекле во привлечната, но нејасна структура, наречена “BitClub Network”.
По изјавата, тројцата уапсени своите жртви ги опишувале како “ретардирани” и “овци”, тврдејќи дека изработиле “модел по мерка на идиоти”.
Во февруари 2015-та година, еден од обвинетите советувал еден од соучесниците да објават дека го зголемуваат веќе и онака големиот профит од вложување на дури 60 проценти дневно, што тој прифатил.
Спротивно од тоа, вториот обвинет во септември 2017-та година наводно му предложил на соучесник наеднаш драстично да ги намалат профитите на инвеститорите за да се повлечат како богати.
Тројцата се осомничени и дека ги продавале акциите на BitClub Network”, иако не биле регистрирани кај американските власти.
Тоа не ги спречило обвинетите да емитуваат видео снимки, во кои зборувале за транспарентноста на својата компанија и уверувале дека е “преголема за да пропадне”.
На двајца од обвинетите им се заканува казна од 20 години затвори и до 250.000 долари поради измама.