Случајно голтнала 30 центиметри долга цевка за повраќање и завршила во болница: Бизарен тренд за слабеење се шири по интернет и многу е опасен

|

Цевката за повраќање е новиот бизарен тренд за слабеење и може да предизвика низа проблеми по здравјето.

Булимијата е поврзана со низа медицински компликации, со желудникот, хранопроводот, жлездите и со тоа дека поради зголемено повраќање се трошат вода и калиум во телесното ткиво што предизвикува пореметување на работата на срцето, грчење на мускулите.

Вториот дел од проблемот кај компулзивното прејадување по кое личноста повраќа поврзан е со оштетувања кои ги предизвикува желудочната киселина – расипување на забите, оштетување на јајниците.

Меѓу заболените се шири бизарен тренд на повраќање низ цевка за да се намали оштетувањето од желудочната киселина.

Цевката за повраќање се продава по пат на интернет, а тоа што загрижува многу повеќе е тоа што не ја користат само булимичарките.

Тој опасен трик го користат и девојките кои на потенцијално смртоносен начин сакаат да ослабнат.

По непријтностите со повраќањето 22-годишната девојка завршила на болница.

Ксиао Лу, 22-годишната девојка од Кина на 3-ти декември пошла на болница и докторите утврдиле дека проголтала цевка.

Објектот бил предлабоко па била испратена на радиографија. Откриена била долга, дебела цевка која се заглавила во хранопроводот. Била преголема за да биде цевка за сок – долга 30-на центиметри со размер 1.9 центиметри.

Скенерот покажал дека цевката се протегала до гркланот па до желудникот чиј ѕид го притискал.

Жената конечно признала дека на интернет купила цевка за повраќање која ќе ѝ помогне во слабеењето.

По оброкот таа редовно ја ставала цевката за повраќање во хранопроводот за да предизвика повраќање се додека еден ден не ја голтнала.