Стручните лица порачуваат: Не мешајте пиво и виски

ИЗВОРnovlist.mk
|

Човекот најбргу се опива од портвајн и шери, тврди професорот од Универзитетот на Брајтон во Велика Британија, Хал Сосабовски. Во интервју за радио Би-би-си тој истакна дека сè зависи од концентрацијата на алкохол.

– Кај пивото, на пример, алкохолот е околу пет степена. Треба да испиеш доста големо количество, за да се опиеш. И обратно, вели професорот.Според него, коктелот џин-тоник „удира“ право в глава, зашто ако имате алкохол комбиниран со газирана напивка, тоа го забрзува голтањето и апсорпцијата. Ист е ефектот и со газираните вина, на пр. шампањското.

– Можете да почувствувате како првата чаша шампањско има ефект на вас уште во првите 30 или 40 секунди. Се чувствувате „поднапиено, затоа што карбонизацијата предизвикува побрзо несување на алкохолот, објаснува проф. Сосабовски.

Натаму, тој препорачува да не се потпирате на митот дека чаша вода меѓу два алкохолни пијалаци го ублажува ефектот. – Треба да внимавате, зашто кога пиете силни напитоци и потоа вода, ги симнувате степените до оној непријатен 20, како ај шерито и портвајнот… Подобро е да испиете голема чаша вода пред да си легнете. Алкохолот има дехидратирачки ефект, којшто може да се избегне на тој начин, вели професорот.

Следната битна препорака е да не се пие виски со пиво. – Така веднаш ја претворате 4-степената напивка во 10-степена, додава тој

И, ако сакате да пиете силен алкохол, без да го прежалувате следниот ден поради мамурлак, водката е најдобриот избор. – А, за да не се опиете, најдобро е да не пиете, гласи советот на проф. Сосабовски за претстојните празници.