“Гума за џвакање“ го открила изгледот на девојчето од камено доба: Живеело пред 5.700 години на просторот на Скандинавија, имало сини очи и темна коса

|

Пред околу 5.700 години на тлото на денешна Данска некое девојче џвакало гума за џвакање, а потоа ја плукнало.

Иако нејзините остатоци не се пронајдени, мастиката која всушност е парче од кора од бреза, неодамна било пронајдено и анализирано, пишуваат од “USA Today“. Неверојатно, но токму таму било пронајдена ДНК од девојчето.

Нејзината ДНК била толку добро сочувана што научниците морале да дојдат до сознание за личноста која ја џвакала мастиката. Така дознале дека таа имала црна коса, сини очи и темна кожа и дека еден од нејзините последни оброци била патка.

„Неверојатно е да добиете комплетен, древен геном од било што друго што не е коска“ – изјавил водачот на истражувањето, Ханес Шредер, археолог од Универзитетот во Копенхаген, додавајќи дека е неверојатно тоа што гумата за џвакање е толку многу добро сочувана.

“Гумата за џвакање“ – темнокафеава супстанца позната како брезина смола се добила преку загревање на кората од дрвото и се користела како лепак во минатото (пред околу 760.000 -126.000 години).

Дел од овој материјал бил пронајден и во археолошките пронаоѓалишта и често на нив содржел остатоци од заби што укажувало на тоа дека се користел и како гума за џвакање.

„Дополнително, ова може да ни помогне како патогените во текот на времето еволуирале и се прошириле и што ги чини особено заразни во одредена околина. Истовремено, може да ни помогне во предвидувањата за однесувањето на патогените во иднина и како може да се искористат“ – истакнал Шредер.