Голем интерес за преклопниот Motorola Razr телефон

|

Изгледа дека одложувањето станува традиција кога станува збор за преклопните телефони.

Традицијата ја започнал Samsung, кој повеќе пати го одложувал датумот за почетокот на продажбата на својот Galaxy Fold Модел. Веднаш ја прифатил и Huawei, кој два пати ја одложувал промоцијата на Mate X преклопниот телефон, а изгледа дека ќе им се приклучи и Motorola. 

Првобитно е најавена е најавено дека резервацијата на овие телефони ќе биде отворена на 26-ти декември, а дека продажбата ќе почне на 9-ти јануари наредната година.

Меѓутоа, компанијата објавила дека малку ќе ги премести овие рокови, за среќа не поради проблеми во работата или дизајнот на телефонот, туку поради преголемата побарувачка

Motorola проценила дека нема да биде во состојба да испорача доволен број на телефони првиот ден од продажбата и решила да си даде уште малку време за да се направи поголемо иницијално производство.

Според нивните зборови, сметаат дека е подобро купувачите да почекаат неколку дополнителни денови, отколку да се случи луѓето кои на време ги нарачале и платиле своите телефони, да не успеат да ги добијат на време.

Иако според спецификациите малку заостанува зад своите конкуренти, Motorola Razr има две огромни предности – цената која е значително пониска од конкурентните модели, како и дизајнот и димензиите.

Во соопштението на компанијата не дале нови датуми, но било наведено дека не очекуваат значајни поместувања на роковите.