“Ерликовата капија“- ова е изгледа капијата за премин во паралелниот свет(VIDEO)

ИЗВОРnovlist.mk
|

Вдлабена во карпите на Алтајски планини во Русија, таа е мистерија за планинарите, но и за геолозите.

Станува збор за камени врати во облик на трпеза со дијагонални пукнатини кои според официлајната верзија, таа е геолошка формација стара неколку векови.
Меѓутоа, теоретичарите на завера тврдат дека камената капија не е од природно потекло и дека ја направила некоја напредна цивилизација која одела по земјата.

Сомнеж разбудила локалната легенда која таму се пренесува со генерации, а која вели дека станува збор за “Ерликова капија“. Ерлик, според преданието бил џуџе и владател на Долниот свет.
Навечер излегувал во лов на човечки души, а наутро низ капијата се враќал.

Теоретичарите кои се држат до теориите за вонземјанските цивилизации тврдат дека Ерлик всушност бил претседател на развиена цивилизација, чии претставници луѓето во тоа време ги нарекувале богови.

Вратите се тврди и биле премин за одење во паралелниот свет, а легендата за Ерлик кој ги крадел човечките души многумина ја толкуваат како приказна за “киднаперите“ на луѓе од страна на вонземјаните.

Да ве потсетиме дека слична ваква појава постои во Перу, во близина на езерото Титикака.