Во Собранието на Црна Гора дошло до судир по кој црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како што пренесуваат подгоричките медиуми, побегнал од салата.
Седницата била прекината и претседателот на Собранието им дал пауза на пратениците.
Сите 17 пратеници на опозицискиот црногорски Демократски Фронт биле уапсени вчера, по инцидентот во Собранието на Црна Гора.
Пратеникот на ДФ, Милан Кнежевиќ е повреден, додека останатите пратеници на ДФ се добро.
Во црногорскиот парламент вчера дошло до инцидент при гласањето за амандманите на ДФ на предложениот Закон за слобода на вероисповед, за кој сметаат дека е насочен против Српската православна црква.
Собранието на Црна Гора усвоило Закон за слобода на вероисповед
Собранието на Црна Гора рано утрово го усвоила Законот за слобода на вероисповед. За предлогот на тој закон гласале 45 пратеници, додека немало гласови против, ниту воздржани. Претходно биле одбиени сите амандмани кои ги поднел Демократскиот фронт. Седницата на Собранието добила пресврт кога полицијата ги привела пратениците на Демократскиот фронт, по инцидентот во пленарната сала.
Видеата погледнете ги тука