Ви претставуваме неколку дами кои ставија печат на модната индустрија.
Не секогаш, „манекенка“ значи дека жената треба да биде висока, слаба и преубава. Понекогаш убавината е релативна, а за вкусот е глупаво да се суди. Сцената изминативе години доби девојки чиј изглед е надвор од она што се пропагира.
Овие пет дами ја променија модената индустрија и перцепцијата за убавина.
Вини Харлоу важи за една од најбараните манекенки. Оваа дама во младоста била малтертирана од своите врсници поради витилиго – состојба во која делови од кожата немаат пигмент. Вини била откриена од Тајра Бенкс на Инстаграм. Шарената убавица станала учесничка на многу едиторијали, музички спотови и кампањи, а нејзините заработки се изразени во милионски цифри.
Мелани Гејдос има ретко генетско пореметување поради кое нејзините коски, заби, пори и нокти се формираат на друг начин. Освен тоа, делумно е слепа и има алопеција, но не дозвола тоа да ја сопре во походот на модните писти.
Медлин Стјуарт е првиот модел со Даунов Синдром. Прв пат се појавила на Њујоршката недела на модата во 2015-та година, а моментално е број еден модел за кој за кој се зборува.
Кејси Леглер на прв поглед е сосема “обичен” модел. Но кога втор пат ќе ја погледнете, ќе сфатите дека станува збор за жена. Да, Кејси е жена која заработува како модел за машка гардероба и тоа одлично и поаѓа од рака.
Андреја Пејиќ е родена како маж во Босна, но успеала да го промени полот. Пред големата промена, работела како андроген модел за женска облека.