Претплатени за драми: Овој пат за пораз од Чешка во „Штад Хале“

|

По одличното прво полувреме за Македонија и водството од 9:11, во вториот дел како да престанавме да играме ракомет.

Чешка успеваше да влегува постојано во гол серија, а нашиот напад не функционираше баш најдобро. Како одминуваше времето, Чешка ја зголемуваше својата предност и во еден момент таа изнесуваше +4 (18:22).

Благодарение на тоа што и Чешка имаше свој критичен период во последните 10 минути, момците на Данило Брестовац, храбро влегоа во финишот, направивме серија и дојдовме до егал завршница.

Во ин*аркт завршница, ракометарите на Чешка имаа повеќе нерви и трпение и дојдоа до оваа за нив значајна победа во групната фаза (27:25).

Кире Лазаров беше апсолутно најдобар на овој меч со 11 погодоци, го следеше Дејан Манасков со 5 голови, Гоце Георгиевски стрелаше 4 пати.