Мухамед Хариз Наѕим е тригодишно дете од Малезија, кое живее во Велика Британија. Тој е најмладиот член на Менса.
Менса е најстарата светска заедница на високоинтелигентни луѓе. Оваа заедница му упатила покана за членство на момчето, откако тоа освоило 142 поени на Стенфорд-бинет тестот за интелигенција. Тој добил просечна оценка 99,7 / 100.
„Браво за Хариз за поканата за влез во „Менса“. Тој очигледно е брилијантен млад човек и ние сме задоволни што го имаме покрај нас“ – рече Џон Стивениџ, извршниот директор на Менса Велика Британија.
За да може да се стане член на оваа организација, мора да има IQ што спаѓа во топ 2% од населението. Овој тест е наменет за деца над 10 години, а децата како малиот Хариз мора да бидат процените од едукативен психолог за да се утврди коефициентот на интелигенција.
Мајката на Харис, која е инженер, вели дека нејзиниот син е како секое друго дете. „Сака да црта и да чита книги, сака уметност, но и сака да пее“ – вели таа.