ОДВОЈТЕ МИНУТА И ПРОЧИТАЈТЕ: Потресна но поучна приказна која ќе ја паметите цел живот

ИЗВОРНов лист
|

Еден син го води својот прилично возрасен татко во софистициран ресторан. Сака да му порача нешто вкусно и омилено за јадење. Татко му е доста стар и кога почнува да јаде, храната му паѓа на кошулата и на панталоните. Во тоа време луѓето кои седеле по другите маси, почнувале да го гледаат со одвратност и ги свртувале главите настрана. И покрај сето ова, синот задржувал спокојство. Откако завршиле со вечерата синот му помогнал на татко си да оди во тоалет.

Откако се враќа од тоалетот, во ресторанот било тишина. Се слушал само шепот на револтирани луѓе за она што се случило – Како може на јавно место да се расфрла храна, да се расипува вечерата на луѓето. Синот го викнал келнерот за да му плати, а кога тргнувал да си одат со својот татко, од масата станал возрасен човек и рекол на висок глас: – Извинете, но мислам дека заборавите нешто.

Синот посегнал по џебовите, погледал се наоколу и му одговорил: – Ништо нема, не сме оставиле ништо!

Постариот маж продолжува гласно: – Напротив, оставивте по нешто за секој кој седи во овој ресторан! Им оставивте важна лекција за секој син или ќерка и надеж за секој родител!

Одеднаш сите замолчиле. Секој еден кој стоел во ресторанот, се засрамил. Бидејќи најголемата награда за возрасниот човек е кога неговите синови и ќерки се грижат за него дури и кога е на поодминати години. Затоа што нашите родители секогаш ќе имаат потреба од чест и почит! Споделувајте ја оваа приказна, ако е поучна за вас!