Пристигнуваат летните денови, а со нив и еден редок небесен феномен – првото сончево затемнување од оваа деценија треба да формира „огнен прстен“ на небото, со што ќе започне нова сезона на спектакуларен начин.
Во одредени делови на источната хемисфера, луѓето ќе можат да го следат затемнувањето на Сонцето меѓу 20 и 21 јуни , а жителите во другите делови на светот овој спектакл ќе можат да го следат онлајн.
Сончево затемнување се случува додека ротира Месечината помеѓу Земјата и нашето сонце. Обично тоа е делумно затемнување и ретко се случува да се случи целосно затемнување, пренесува Accuweather.com
Овојпат Месечината ќе блокира 99,4 проценти од површината на Сонцето, така што на небото ќе се формира тенок прстен на оган.
Според НАСА, небесниот спектакл ќе биде видлив, доколку ни дозволат временските прилики, претпладне од Африка, додека подоцна во денот, жителите во делови од Азија ќе можат да го видат, а за време на самракот ќе биде видлив преку Тихиот океан.