Осумкратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез побара и доби дозвола да се натпреварува на Гранд при трката што се вози во Мото ГП овој викенд.
Интересно што Марк Маркез минатиот викенд ја скрши раката и над него беше извршена операција во вторникот во Барселона. Според докторите, тој најрано требаше да се врати на тркалиштето за две недели за трката во Брно, Чешка.
Но Марк Маркез и неговиот тим Репсол Хонда, не мислат така. Тие не само што ја подготвија целата механика и техника за да може тој да се натпреварува уште викендов туку побараа и добија дозвола за настап откако изјавија дека операцијата поминала перфектно. Се разбира за да добие зелено светло тој морал да ги помине сите фитнес тестови па лекарскиот тим на Мото ГП успешно, во што и успеал.
Шпанските медиуми синоќа објавија дека Марк Маркез по секоја цена сака да се трка во Херез бидејќи не сака одново да остане без бодови и да почне многу да заостанува во Мото ГП шампионатот уште на самиот почеток на сезоната.
Покрај Марк Маркез, дозвола за настап добија уште и Алекс Ринс и Кал Крачлоу, кои исто така паднаа на првата трка и имаа полесни повреди.