Новак Ѓоковиќ дисквалификуван од УС Опен – погледнете зошто (видео)

|

Првиот носител на УС Опен заработи дисквалификација од УС Опен откако на дуелот со Пабло Карењо Буста со топче погоди линиски судија. Откако ја дозна одлуката од организаторот, дека е дисквалификуван и остана без заработка од УС Опен, Ѓоковиќ преку социјалните мрежи се извини за својата постапка и призна дека погрешил.

„Целата ситуација прави да се чувствувам тажно и празно. Проверив како се чувствува судијката и според информациите кои ги добив, таа е добро, му благодарам на Бога. Навистина ми е жал што и направив таков стрес. Не беше намерно но беше погрешно.

Сакам ова непријатно искуство и дисквалификацијата да ги претворам во животна лекција.  Им се извинувам на организаторите на УС опен. Ви благодарам и навистина ми е жал. Ова беше тежок ден за сите“, напиша тој на Инстаграм.