Oбјавени новите правила за влез во Германија

|

Се менуваат правилата за тестирање на лицата кои се враќаат во Германија започнувајќи од денес. Германија воведе тестирање на аеродромите, железничките станици и автопатите за време на сезоната на одмори, со цел да спречи увоз на новата болест во земјата.

Патниците од таканаречените земји со висок ризик – вклучувајќи го и Балканот, како и над 130 други земји или региони во светот – беа задолжително тестирани при влез или беше предвидено да поминат 14 дена во карантин. За оние кои доаѓаа од земјите кои не се сметаат за ризични, досега тие се тестира доброволно и бесплатно.

Од денес според новите правила, патниците од земјите кои не се изложени на ризик, повеќе нема да бидат тестирани кога ќе посакаат, туку само ако поради симптоми постои сомневање.

Германските лаборатории работат речиси непрекинато – се прават околу 1,1 милиони тестови неделно. Критичарите го критикуваат Министерството за здравство дека ваквото обемно тестирање чини многу време труд и пари и дека е подобро да се тестира по потреба.
Многу веројатно е дека тестирањето за повратниците од ризичните земји на влезот во земјата, да биде укинато од почетокот на октомври. Тогаш тие ќе мора да бидат во самоизолација во домот цели 14 дена, или најмалку пет дена, по што би биле тестирани самостојно и на сопствен трошок, па штом добијат негативен резултат, ќе бидат ослободени од обврската за само-изолација.