Не постои „совршен момент“ за планирање на бременост, поточно вистинскиот момент е кога вие и вашиот партнер ќе одлучите. Сепак, врз основа на бројни студии, научниците утврдија најдобра возраст на жената во кој репродуктивниот систем е во најдобра состојба.
Жените во дваесетите години имаат најмал ризик од развој на хронични здравствени проблеми, кои претставуваат опасност за нив или за бебето, и тогаш е најмалку веројатно дека ќе имаат спонтан абортус или проблематична бременост.
Бременоста на млада возраст е често придружена со социјална осуда.
Совршената возраст за бебе често не е во согласност со социјално прифатената возраст за првото дете. Поради социјалниот притисок и стремежот да се постигнат академски и кариерни цели, жените во доцните тинејџерски години и раните дваесетти години не се чувствуваат подготвени да станат мајки, пишува „24 часа“.
Според професорот по психологија Мировски од Универзитетот во Тексас, бременоста во раните дваесетти години обично се случува надвор од брак и го попречува продолжувањето на образованието.
– Луѓето биолошки созреваат десет години пред да се чувствуваат социјално подготвени за родителство – рече Мировски, а со него се согласуваат многу луѓе на дваесетина години, кои тврдат дека на таа возраст сè уште се чувствуваат незрели да преземат одговорност за друг живот.
Различни студии, различни заклучоци
Најдобра возраст се смета возраста во која жената има статистички најголеми шанси да роди здраво дете. Така, студија во Калифорнија заклучува дека идеалната возраст за првото раѓање е 26 години, затоа што тогаш шансите да се роди дете со какво било нарушување се најмали.
Втората студија се засноваше на национални податоци, и се покажа како најдобра возраст за раѓање да е на 32-годишна возраст.
Третото истражување покажа дека најдобрата возраст за породување, во однос на долгорочното здравје на мајката, е 31 година.
Беше спроведено телефонско истражување во кое беа анкетирани жени на возраст од 45 до 95 години. Студијата покажа дека мајките, во просек, имале најмалку проблеми по породувањето, ако го родиле своето прво дете на 29-годишна возраст. Жените кои родиле на возраст од 30 години имале најдобро општо здравје, а оние кои родиле на 31 година имале долгорочно физичко здравје.
Ако најдоброто време за раѓање е дефинирано со должината на очекуваниот животен век на мајката, тогаш тоа е 34 години.
Дали е премногу доцна по 35 години?
Мировски ги утеши сите млади жени кои сакаат да ги посветат дваесеттите на училиште или кариера, дека, според статистичките податоци, тие ќе бидат во одлична здравствена состојба, иако ја планираат својата прва бременост во раните триесетти години.
Меѓутоа, ако жената сака да има повеќе деца, треба да го роди првото дете пред 34-та година од животот, затоа што за здравјето на мајката и детето е најдобро последното дете да се роди пред 35-та година.
Една студијата открива дека жените кои родиле по 35-та година од животот имале проблеми со висок крвен притисок, високо ниво на гликоза во крвта и подоцна во животот доживеале поголеми потешкотии со мобилноста отколку жените кои родиле пред 35-та година од животот.
Која возраст ја сметате за најдобра за раѓање на вашето прво дете? Оставете го вашето мислење во коментари.