Министерството за одбрана денес објави оглас за вработување на 200 професионални војници кои ќе служат во Армијата на Република Македонија.
Условите во огласот, предвидуваат договор во времетраење од четири години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 годиншна возраст на војникот.
Кандидатите потребно е да имаат завршено средно образование и не треба да се постари од 25 години – ова се основните услови за кандидатите воопшто да влезат во процесот на селекција за професионални војници.
Предвидено е нето платата да биде над 25.000 денари, со можност за исплата на дополнителни средства над 8.000,00 денари како трошоци за станбено обезбедување, но по навршување на 4 години служба во Армијата на Република Македонија.
При селекцијата на кандидатите ќе им се вршат и тестови за проверка на физичката подготвеност.
Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават преку електронска пошта во Министерството за одбрана со пополнување на образецот Пријава за кандидати за професионални војници на служба во Армијата. Пријавата може да се превземе од интернет страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk.