Првиот тенисер на светот Новак Џоковиќ проговори за најголемата цел до крајот на својата играчка кариера.
Она што го насети целиот тениски свет, Новак конечно без двоумење го призна:
“Мојата најголема цел останува да освојам најмногу Гренд-слемови. Да го соборам рекордот на Федерер!”, Рече Џоковиќ во Рим, каде што ќе учествува на Мастерсот, како што објавија сите светски медиуми.
Џоковиќ ја започна 286. недела на врвот на АТП-листата оваа недела, и со тоа стигна до легендарниот Американец Пит Сампрас.
Пред него останува само еден тенисер, а тоа е Роџер Федерер. Тој со 310 недели на првото место е рекордер, но не и недостижен.
Освен неделите поминати на АТП-листата, Новак го брка Швајцарецот и за Гренд слем титули. Засега, Србинот има 17 трофеи на најважните тениски турнири.
Пред него се Рафа и Роџер. Надал има 19 трофеи, додека Федерер има 20 трофеи во своите витрини.
Првиот следен Гренд-слем турнир Ролан Гарос е на програмата од 21 септември до 11 октомври, а воедно е и прва можност на Новак да ја стопи предноста на Рафаел Надал и Роџер Федерер.