МЕРЦЕДЕС ги отвори списоците за нарачки за новата „S“-класа.
Основниот модел на „S“-класа е S350d, кој има трилитарски шестцилиндричен дизел со 286 КС и 600 Nm. До 100 км на час оди за 6,4 секунди и може да ја достигне брзината од 250 км на час. Во стандардната верзија, започнува од 93.438 евра на германскиот пазар. Доколку се одлучите за верзијата 4Matic, цената се искачува на 97.150 евра, додека помоќниот S400d започнува со шест цифри. Со погон од 4Matic и впрегнати 330 КС и 700 nm, може да достигне 100 km / h за 5,4 секунди. Чини 103.994 евра.
Се префрламе на бензинските модели. S450 4Matic е достапен само во продолжена верзија. Го придвижува 3.0-бензински мотор со 367 КС и 500 nm, до стотка оди за само 5,1 секунди и започнува со цена од 106.650 евра.
Конечно, S500 4Matic засега е на врвот на понудата. Во него, 3.0 моторот дава 435 КС и 520 Nm, а има забрзување до 100 km / ч за само 4,9 секунди. Започнува со цена од 115.130 евра.
Кога станува збор за доплатите. Се доплаќа 1.148 € за 3Д дигитален дисплеј, 3.468 € за главен дисплеј со AR технологија. Списокот со опции вклучува и активно амбиентално осветлување со 250 LED диоди (916 евра), асистент MBUX (626 евра), централно задно воздушно перниче (580 евра) и слично.
Првите примероци ќе бидат доставени до клиентите во декември.