Со победата над Грузија во Тбилиси, со која дојдовме до историски пласман на едно големо натпреваруње кога се во прашање сениорите, го загарантиравме местото на Европското првенство кое е закажано за 2021 година.
Македонија е единствената држава од регионот која успеа да стигне до пласман на Европското првенство во 2021 година.Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Косово се селекциите кои нема да бидат дел од овој спортски настан, па така нашите фудбалери тренираат социјална дистанца дури и во спортот.