Побарано изземање на судијата Гаврилова од страна на познатиот шоумен

ИЗВОРНов Лист
|

Познатиот шоумен, водител, имитатор, пеач, Бојан Јовановски, познат како Боки 13,  кој е обвинет во случајот Меѓународен сојуз, на почеток на денешното судење побара изземање на судијата кој го води предметот.

Судијата Софче Гаврилова, како што тврди Бојан, судењето го води пристрасно бидејќи била дел од судечкиот совет во случајот Рекет.

Бојан Јовановски изјави во судницата: И вие самата изјавивте дека со оглед дека сте биле дел од Рекет, веќе сте оформиле мислење, па не може да се очекува дека при донесувањето пресуда за Меѓународен сојуз, нема да бидете пристрасни.

Денешното судење нема да биде прекинато поради барањето за  изземaње бидејќи тоа и претходно било барано, па предлогот ќе се разгледа по завршување на денешното рочиште, изјави судијата Софче Гаврилова.