Потрагата по авионот Цесна, кој рано денеска исчезна во Хрватска, се уште трае, а лошите временски услови им ја отежнуваат работата на спасувачите.
Во Брочанац е организиран штаб во кој има припадници на ХГСС, полиција, но и вработени во антитерористичката единица Лучко.
Шефот на ХГСС Јосип Граниќ се обрати на печатот и откри нови детали од потрагата по исчезнатата Чесна.
„На терен се околу 70 припадници на ХГСС и 30-тина припадници на полицијата. Го чешлаат теренот, но тој е огромен, а поројниот дожд и маглата ја отежнуваат работата. Ќе бараме додека не најдеме нешто. Нема да ја прекинеме потрагата ни ноќе. Сега на терен има седум станици на ХГСС, а за утре ќе ги подигнеме сите, односно членови на 20 станици“, рече Граниќ, пишува Вечерњи лист.
Тој потоа додаде дека бидејќи областа е голема и пошумена, невозможно е да се процени кога би можеле да најдат трага.