Што ќе се случи ако секое утро јадете една банана и пиете чаша млака вода

|

Бананата е полна со јаглехидрати, влакна и минерали и затоа е вистински енергетски погодок,  а во комбинација со млака вода наутро на празен стомак го подобрува варењето.

Исто така, важно е да јадете банана и полека да пиете вода, а потоа да не јадете ништо друго барем половина час.

Точно е дека бананите имаат многу скроб, но имаат низок гликемиски индекс. Бананата се вари долго време и дава чувство на ситост, а ја спречува и апсорпцијата на јаглехидратите, што е од пресудно значење во согорувањето на мастите.

Ако одлучите да го регулирате варењето и да ослабете на овој начин, можете да го забрзате процесот на слабеење ако наместо вечера изедете банана и чаша млака вода.

Се препорачува да не јадете ништо после 8 часот навечер.