Арсовска: Следат нови инвестиции и проекти за скопјани

ИЗВОРНов Лист
|

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска по одржување на денешните седници на Советот на Град Скопје истакна дека следат нови проекти за скопјани кои се интерес на сите граѓани.

„Предлозите кои ги доставив до Советот на Град Скопје на денешната седница беа изгласани, со што следат нови проекти во интерес на скопјани:


Инвестираме во изградба на нови улици во населеното место Усје во општина Кисела Вода .

Се воведува нова автобуска линија 2Б од Ченто до Сарај, За првпат Градот Скопје субвенционира електрични тротинети и велосипеди за млади лица до 29 години, Отпочнуваме со реализација на проектот за систем за водоснабдување за Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци, Pеконструираме 6 спортски терени во паркот во Сарај.

Ќе ја реконструираме улицата Христофер Жефаровиќ во општината Гази Баба
Следи изградба на нова инфраструктура во општина Шуто Оризари на крак 18 на улицата Македонско косовска бригада.

Следат бројни нови проекти во интерес на нашите сограѓани, кои заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на новите градски проекти е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти во урбаниот и руралниот дел.“ стои во соопштението од Арсовска.