|
Вниманието на светот го привлече големиот пожар кој ја зафати кулата на Кинески телеком. Од снимките објавени на странските медиуми, може да се забележи дека од кулата се крена густ и висок столб од црн чад.
На видеата пак, објавени на социјалните мрежи, може да се забележат луѓето дека се во паника и бегаат од облакодерот, додека пламените остатоци паѓаат од најгорните катови од Кинески телеком.
Од кинеската државна телевизија „CCTV“ информираа дека пожарникарите го локализирале пожарот, не наведувајќи дали имало жр тви од пожарот, и која е причината за отпочнување на истиот.