Хрватскиот град Чезма, вчера го зафати бура каква што градот досега не видел и истиот го опустоши, поради што хрватскиот вицепремиер Томо Медвед вчера дојде да ги посети граѓаните.
Медвед се сретна со градоначалникот Динк Пирак и со префектот на Бјеловарско-билогорската жупанија Марко Марушиќ, со цел тие да го информираа за обемот на штетата.
Во страотното невреме едно девојче е пов редено додека се враќало од училиште. Имено, врз неа паднало дрво и и го скршило горниот дел од ногата. Таа итно е пренесена во Загреб и веќе е опе рирана, пишува MojPortal.hr.
– За жал, едно дете е повредено. Штетата е огромна. Најстарите луѓе не паметат вакво разорно невреме. Сите служби се на терен и им помагаме на луѓето колку што можеме. Најлошо е што ни претстојат уште два врнежливи денови. Околу 30 куќи имаат оштетени покриви, а на неколку од нив ветерот однесе дрва и ќерамиди, што доволно говори за јачината на ветрот. Огромна сила ечеше на овој начин. Штетите на земјоделските површини се огромни. Најголем проблем е што нема струја, далноводите се расипани. Екипите на централата интензивно работат на санација, струјата веќе некаде се враќа, но мислам дека ќе бидат потребни два-три дена целиот систем да се стабилизира, изјави претседателот на општина Чазма, Динко Пирак.
– Ова е голема природна катастрофа, состојба на катастрофа. На повреденото девојче му посакуваме брзо закрепнување. Управата за цивилна заштита веднаш го подготвила потребниот број на агрегати и заштитни фолии. Во процес на испорака се и резервите на стоки. Важно е да знаеме дека немаме струја, а немаме вода и тоа треба што поскоро да го решиме. И противпожарната заедница е подготвена да испрати свои луѓе со опрема. Доколку има луѓе кои треба привремено да се сместат на друго место, ќе им обезбедиме безбедно привремено сместување. Сите ресори се во контакт, вклучително и премиерот – рече Медвед.
Во Чазма дојде и Иван Паладина, министер за просторно планирање, градежништво и државен имот.
– Се гледа дека има значителна штета, но колкава е штетата ќе знаеме само во наредниот период. За жал, имаме едно повр едено девојче, а Владата дефинитивно финансиски ќе помогне овој регион да закрепне што поскоро – изјави Паладина.
Префектот Марко Марушиќ, како што рече градоначалникот Пирак, цел ден е во Чазма.