Силно невреме ја зафати Србија – можна е појава на торнадо

|

Нови Сад го погоди силно невреме со ветер и дожд, а на социјалните мрежи беа објавени апокалиптични сцени.

Силното невреме погоди неколку населби, при што и во следните часови се очекува да продолжи невремето.

Српските медиуми пишуваат дека бурата поминува неколку километри северно од Нови Сад, а можна е појава на торнадо во неколку области.

Кај нас како што информира метеорологот Славчо Попоски, до крајот на оваа недела времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Исто така денес, а особено во сабота доцна попладне, навечер и во текот на ноќта на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од недела, па во текот на следната седмица ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец, а температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, што значи дека ќе следува ПОГОЛЕМО заладување на времето.

И во Скопје особено во сабота доцна попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд а од недела ќе дува силен северозападен ветер а температурите позначително ќе опаѓаат. До сабота температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека како што претходно кажавме потоа ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.