Ретко кој може да му одолее на овој француски десерт кој е познат низ целиот свет. Се прави од меко тесто и се полни со фил од ванила, шлаг или сладолед.
Потребни состојки:
За тесто, 100 мл. зејтин, 200 мл. вода, 6 лажици брашно, 3 јајца
За фил
200 мл. слатка павлака, 3 жолтки, 300 мл. млеко, 3 лажици шеќер, 3 лажици брашно, 1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Во тенџере сипете масло и вода и почекајте смесата да зоврие. Кога ќе биде готова, додајте брашно. Изматете со лажица за матење. Смесата треба да биде густа. Оставете да се излади и подгответе го филот во меѓувреме.
Во тенџере сипете 200 мл. млеко. Во друг сад изматете жолтки, шеќер, ванилин шеќер, брашно и 100 мл млеко. Смесата додајте ја во млекото и гответе како да правите обичен пудинг. Оставете го филот да се излади.
Во изладениот фил додајте ја изматената слатка павлака. Соединете ја смесата.
Во смесата за тесто додајте јајца и матете со миксер. Ставете ја смесата во шприц и направете топчиња. Ставете да се печат на 200 степени. Не отварајте ја рерната додека се печат.
Принцес крофните исечете ги на полoвина и наполнете ги со крем. Преклопете ги со другиот дел и оставете ги да се ладат.
Декорирајте со шеќер во прав.