Иако технолошки сме мнoгу понапред, сепак не можеме да ги ставиме под контрола громот и молњите кои се огромни енергии се насочуваат на еден мал простор. Треба да ви е страв,нормално,кога грми, треба да се засолнте, бидејќи тоа е голема количина електрицитет за многу краток временски период. Најдобро е да застанете некаде каде што има громобран, ако не, подобро е да се засолните во автомобил отколку да бидете на отворено, за да не сте највисока точка каде што може да удри гром.
Никогаш не треба да стоите покрај дрво,а на планините е доста опасно, се советува никако да не бидете во група, туку да се разделите. Водните површини се исто така многу опасни, па затоа треба да се избегнува пливање и престој во чамци ако сте на земја не легнувајте, туку клекнете. Доколку се најдете во превозно средство, како автобус, автомобил или авион, нема причина да се плашите.
„Ако автомобилот не е кабриолет и е вовобичаен, тогаш сте безбедни, бидејќи во автомобилот има таканаречен кафез Фарадеј каде ве заштитува самиот метал. Во автомобил сте безбедни без разлика дали моторот е вклучен или не, дали се движите или стоите. Се советува дека некои уреди треба да се исклучат за време на грмотевици.
Ако слушнете и гледате молња и гром во исто време, тоа значи дека громот е веќе близу. Факт е дека во урбаните средини сака да удри во жичените огради, струјата сака да помине низ подземни кабли и постои значителна можност за уништување на електронските уреди дома.
Кога грми, исклучете ги лаптопите, телевизорите, микробрановите печки. Овие уреди се изложени на најголем ризик, како и сите уреди со чип. „Исто така, никогаш не треба да се капете когагрмотевицата е во близина, бидејќи може да предизвика струен удар низ цевките што минуваат под земја.
Луѓето честопати бројат за да знаат кога ќе удри гром. Кога се формираат молњи, тоа значи дека имате електрони кои го направиле воздухот спроводлив и дека таму минува огромна струја. Значи кога ќе видите блесок на молња и звукот доцни 3 секунди, молњата е отприлика еден километар од вас. Она што не треба да ве залажува е дека иако облаците не се блиску, може да удри гром.