Пукање на аеродромот во главниот град на Молдавија: Има жртви, прекинат воздушниот сообраќај (ВИДЕО)

|

Еден маж денеска пукал на аеродромот Кишињев во Молдавија. Луѓето се евакуираат од терминалот на аеродромот во Кишињев, а светските медиуми јавуваат дека најмалку две лица се убиени.

Агенцијата „Reuters“ пренесува, повикувајќи се на медиумската куќа „Ziarul de Garda“, дека полицијата е на аеродромот и дека мажот се забарикадирал откако испукал неколку куршуми.

„Reuters“ не можел независно да го потврди идентитетот на напаѓачот, а владата не го прокоментирала веднаш овој инцидент.

Воздушниот сообраќај на овој аеродром моментално е во прекин, јавуваат светските медиуми.