Тело на жена која исчезна пред три години најдено во канал во фаза на распаѓање

|

Тело без глава, кое било во фаза на распаѓање, е пронајдено во одвод во Марено ди Пиаве во близина на италијанскиот град Тревизо.

Поради големото невреме кое го зафати подрачјето претходните денови, многу вода се насобра во каналот, а по смирувањето на невремето, локална жена наишла на застрашувачка глетка.

– Видов нешто во близина на бариерата на каналот и потоа сфатив дека се работи за труп – изјави таа за весникот „Кориере дел Венето“.

Веќе во текот на истрагата полицијата се посомнева дека трупот и припаѓа на 83-годишна жена по име Анинка Дота од блискиот град Санта Лусија ди Пиаве, која исчезна во таа област во јули 2020 година.

Анинка потоа заминала некаде сама, а штом ќерката сфатила дека најверојатно мајка и е изгубена, започнала истрага во која била вклучена и полицијата, но три години од старицата немало ни трага ни глас.

Италијанските медиуми пренесуваат дека ДНК анализата утврдила дека обезглавениот труп дефинитивно и припаѓа на несреќната Анинка Дота.